| четврток, 6 декември 2018 |

Ивица Обрван прв пик за селектор на Македонија

По Лино Червар, кој направи бум со Металург, во Македонија најверојатно доаѓа уште еден хрватски ракометен стручњак, Ивица Обрван, кој е најсериозен кандидат за селектор на нашата машка репрезентација.

Одлуката ќе падне в петок, а новото раководство на РФМ, предводено од претседателот Живко Мукаетов, веќе имало контакт со поранешниот тренер на Загреб и тој прифатил да биде селектор на Македонија.

Прв пик досега беше токму Червар, но тој е сè подалеку од жешката клупа. Македонија лошо ги почна квалификациите за ЕП 2014 во Данска. Со осум гола разлика нè порази Португалија. Нè чека двомеч со актуелниот светски првак Шпанија, потоа и незгодната Швајцарија, а голем товар е и португалскиот пораз од осум гола разлика.

Обрван, ако прифати да биде нов македонски кормилар, ќе има тешка задача да нè одведе до Данска. Интересно е што тој беше сменет во РК Загреб, по поразот од нашиот клуб Вардар ПРО, во полуфиналето на СЕХА лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top