| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија од манипулации

nenad mircevski2

Ненад Мирчевски

Во ме­ѓу­вре­ме, до­де­ка За­ев упор­но со за­ка­ну­ва со не­ка­кви „бом­би“, опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми ја бом­бар­ди­раа јав­но­ста со не­ка­кви афе­ри за „фал­си­фи­ку­ва­ни па­со­ши“ и за „прис­лу­шу­ва­ње но­ви­на­ри“ кои оста­ви­ја впе­ча­ток де­ка, во нај­ма­ла ра­ка, се без се­ри­оз­ни до­ка­зи за да се до­ка­же нив­но­то твр­де­ње.

Да се раз­бе­ре­ме, ин­фор­ма­ци­и­те не тре­ба да ги отфр­ли­ме ка­ко лаж­ни, но за да би­дат ви­сти­ни­те тре­ба да би­дат до­ка­жа­ни. Со ог­лед на те­жи­на­та на до­ка­зи­те, но и на на­чи­нот и на окол­но­сти­те под кои се об­ја­ве­ни, не­ло­гич­но е да се при­фа­тат ка­ко се­ри­оз­ни, уште по­мал­ку ка­ко ап­со­лут­на ви­сти­на. Тоа го зна­ат и авто­ри­те кои при сер­ви­ра­ње­то на афе­ра­та се огра­ду­ва­ат од од­го­вор­но­ста за иска­жа­но­то со по­ста­ву­ва­ње пра­ша­ња на­ме­сто со твр­де­ња. Та­кви оби­ди за оцр­ну­ва­ње на по­ли­тич­ки­от про­тив­ник ве­ќе ни се ка­ко до­бро утро и во си­те слу­чаи ефе­ктот бил ни­ка­ков. При­вр­за­ни­ци­те на опо­зи­ци­ја­та сто­про­цент­но ве­ру­ва­ат во сѐ што ќе им би­де сер­ви­ра­но од се­ди­ште­то на пар­ти­ја­та ка­ко скан­дал, ду­ри и без ни­ка­кви до­ка­зи, а вмров­ци­те, пак, под ни­е­ден ус­лов не ве­ру­ва­ат во ни­што што ќе из­ле­зе од куј­на­та на СДСМ. Оние не­у­трал­ни­те, пак, ве­ру­ва­ат во здра­ви­от раз­ум, од­нос­но во фа­кти­те што ќе им би­дат прет­ста­ве­ни. А, во из­ми­на­та­та не­де­ла не ви­дов­ме до­вол­но фа­кти за да по­ве­ру­ва­ме во твр­де­ње­то на опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми. Од ама­тер­ско­то ви­део сни­ме­но во не­ка­ква со­ба ни­кој раз­у­мен не мо­же да зак­лу­чи де­ка во таа со­ба се фал­си­фи­ку­ва­ле па­со­ши. Та­ква сним­ка мо­же да на­пра­ви се­кој по­лу­пис­мен чо­век кој мо­же да со­бе­ре пе­де­се­ти­на па­со­ши, да ре­че­ме од бли­ски лу­ѓе или, пак, од пар­ти­ски вој­ни­ци. За­тоа афе­ра­та по­ве­ќе ли­чи на обид за ма­ни­пу­ла­ци­ја откол­ку на се­ри­оз­на фа­бри­ка.

Ка­ко и да е, си­те се сог­ла­су­ва­ме со ста­вот де­ка овој слу­чај мо­ра да до­бие суд­ска раз­реш­ни­ца за­тоа што ста­ну­ва збор за ви­део кое са­мо по се­бе со­др­жи ма­те­ри­јал за кри­вич­но де­ло. Ин­вол­ви­ра­ни­те мо­ра да од­го­ва­ра­ат пред за­ко­нот, би­ло за фал­си­фи­ку­ва­ње би­ло за мон­ти­ра­ње не­по­сто­ен слу­чај.

На­чи­нот на кој беа пре­зен­ти­ра­ни „афе­ри­те“ пре­ку опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми и на­ме­ра­та на За­ев да ги упо­тре­би „бом­би­те“ ка­ко оруж­је за уце­на за да се до­гра­би до тех­нич­ка вла­да е са­мо по­твр­да де­ка ду­ри ни са­ми­от тој не ве­ру­ва во мо­ќта на тоа што го по­се­ду­ва. Во спро­тив­но, зо­што би ба­рал тех­нич­ка вла­да ко­га со та­кво оруж­је би мо­жел да обез­бе­ди це­ла вла­да?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top