Меѓу познатите чиќмости што преку трња стигнаа до ѕвезди се и славните жените што многу рано станаа мајки. Тоа не ги спречило да бидат успешни и и покрај мајчинството да се остварат и да имаа кариера.
СОФИЈА ВЕГЕРА
Преубавата колумбиска глумица се омажила за своето момче од средно училиште, Џо Гонзалес, кога имала 18 години. Во септември 1992 година го родила синот Манола. Тогаш имала 19 години. Неодамна изјавила „со оглед на тоа дека имам син што е доволно возрасен да пие, веќе не можам да излажам колку години имам“. Софија поминала долг пат од мајка-тинејџерка до најплатена актерка во Холивуд.
АРЕТА ФРЕНКЛИН
Арета Френклин, добитничката на 18 награди „Греми“, првпат се породила во 1955 година, кога имала само 12 години. Своето второ дете го родила две години подоцна. Додека Арета ја градела музичката кариера, нејзините деца ги одгледувала нејзината тетка. Интересно е дека Арета никогаш не открила кој е татко на најзините деца. Подоцна добила уште два сина. Нејзиното богатство денес се проценува на 60 милиони долари, па може да се каже дека иако станала мајка кога и таа самата била дете , успеала да направи рамнотежа меѓу кариерата и семејството.
ЛОРЕТА ЛИН
Легендарната контри-ѕвезда, на медиумите им открила дека се омажила на 13 години, а до својата 18-та година веќе родиле четири деца. Меѓутоа нејзиниот извод од матичната книга на родените вели друг, се чини дека имала 15 години кога се омажила, а четири деца родила до својата дваестта година. Близнаците ги добила 12 години подоцна. Интересно е дека и покрај турбулентниот брак, Лорета и нејзиниот сопруг останале заедно 50-ина години, сè до неговата смрт.
СОЛАНЖ НОУЛС
Помладата сестра на популарната Бјонце, Соланж Ноулс, се омажила за своето момче од училиште кога имала 17 години. Неколку месеци подоцна го родила Даниел Смит, но двојката се развела само неколку години по неговото раѓање. Соланж во една пригода изјавила дека по малку ѝ е жал што толку рано станала мајка, но додала дека нејзиниот син ѝ е „најголемиот непланиран подарок“.
НИКИ ТЕЈЛОР
Супермоделката Ники Тејлор својот прв сопруг го запознала кога имала 18 години. Три месеци подоцна побегнале во Лас Вегас да се венчаат. Со 19 години ги донела на свет близнаците Џејк и Хантер. Таа признала дека згрешила и изјавила „бев млада и мислев дека сум вљубена. Ние сме две различни личности“. До својата 21. година се развела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.