| четврток, 6 декември 2018 |

Лион го задржа чекорот со Марсеј и ПСЖ

­ Екипата на Олимпик Лион со синоќешната победа од 2:1 над Ремс во последниот натпревар од 16. коло на Лига 1, го задржа чекорот со водечкиот тандем Олимпик Марсеј и ПСЖ.

По двата натпревара без победа, Олимпик Лион со головите на Корентин Толисо (6 минута) и Александре Лаказет (90), освои три бодови, додека голот за Ремс го постигна Муканџо (36).

Ремс ја прекина серијата од седум натпревари без пораз или повеќе од два месеца. Олимпик Лион има 30 бодови и се наоѓа на третото место зад Олимпик Марсеј со 35 и ПСЖ со 34, додека Ремс со 22 бода се наоѓа на 9­. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top