Фенербахче го освои само третото место сезонава во турскиот шампионат, а челниците на гигантот од Истанбул подготвија сериозни инвестиции за тимот во следната сезона да се бори за титулата.
Фановите на Фенер денеска на аеродромот во Истанбул го пречекаа Матие Валбуена, кој ќе биде едно од големите засилувања на овој тим во преодниот рок. Францускиот плејмејкер пристигнува за четири милиони евра од редовите на Лион и потпиша тригодишен договор со турскиот фудбалски гигант. Тој е првото од двете засилувања што ќе пристигнат во Фенербахче од Франција, со оглед на фактот дека во завршна фаза се преговорите за трансферот на Набил Дирар од Монако.
Воедно, веќе е официјализирано и доаѓањето на Екичи од Трабзон, а пред договор со Фенербахче се наоѓа и искусниот голман на Малага, Карлос Камени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Ќе мора да почека за дебито во Фенер: Елмас во јануари заминува на позајмица?
-
Елмас сепак ќе мора да чека до јануари – Турците не ја уважија одлуката на ФИФА
-
ФИФА даде зелено светло: Фенербахче може да го регистрира Елмас