| четврток, 6 декември 2018 |

Бертранд Траоре потпиша за Лион, се поизвесно заминувањето на Лаказет

 Француски Лион денес го претстави својот нов фудбалер, поранешниот напаѓач на Челси, Бертранд Траоре кој изминатава сезона ја мина во Ајакс како позајмен фудбалер. Со ова засилување шпекулациите дека најдобриот фудбалер на Лион, Александре Лаказет ќе може да го напушти клубот многу наскоро, станаа се погласни.

На прес конференцијата по повод ангажманот на Траоре, претседателот на Лион, Жан Мишел Ола потврди дека сега Лаказет може да си оди но само ако за него пристигне соодветна понуда. Цифрата за која Лион би се простил од Лаказет најверојатно нема да биде помала од 50 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top