| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Кери и Лавров за Украина и за Сирија

John Kerry and Sergey LavrovДржавниот секретар на САД Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров имаа денеска средба во кулоарите на годишниот форум на министрите за надворешни работи на земјите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Тие ги разгледале напорите за прекин на огнот преку преговори по линијата на поделба меѓу земјите во конфликтот во Украина, изјави претставник на Стејт департментот.

Кери ја повикал Москва да се врати кон сериозно разгледување за целосна реализација за Минските договори.

Шефовите на руската и американската дипломатија разговарале и за други актуелни меѓународни теми. Во врска со Сирија тие разговарале дали може да бидат создадени услови за сериозни разговори за политичка транзиција кон нова власт во Дамаск.

Тие разгледале и понатамошни преговори на „шесторката“ со Иран, кои треба да доведат до решавање на нуклеарниот проблем на Техеран.

На крајот Кери го информирал Лавров за резултатите от министерската средба, што се одржа вчера во Брисел, посветена на начините за акција против Исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top