Извештајот за несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски е предаден на македонски официјални претставници. Нацрт-извештајот се наоѓа кај претседателот на Комисијата за воздухопловни несреќи и сериозни инциденти и овластен претставник на Република Македонија, Сотир Костов. Македонската комисија во наредните две недели ќе го разгледа извештајот и ќе ги достави евентуалните забелешки и сугестии, по што до крајот на годинава конечната верзија на документот треба да им биде предадена на властите во Босна и Херцеговина и во Македонија. Ќе бидат ангажирани повеќе независни стручњаци, кои ќе дадат свое мислење за наодите од извештајот.
Нагласи дека е направавена целосна реконструкција на летот, а ќе има и аудиоснимки за тоа што се случило. За време на истрагата, посочи Кулиќ, членовите на тимот немале никакви проблеми ниту притисоци. Сепак, некои лица не сакале да соработуваат со истрагата. Дел од тие лица биле од македонска страна.
Извештајот, како што претходно најави шефот на истражниот тим, ќе содржи детали за несреќата, од летнувањето на авионот „кингер“ од скопскиот аеродром, па сè до падот, неколку минути пред да слета во Мостар. Постојат разлики меѓу првиот извештај од 2004 година и новиот извештај, кој денеска е доставен до македонските претставници. Повторената истрага, која трае од јуни минатата година, чини 10 милиони денари. Дел од експертизата е направена во Германија.
Претседателот Борис Трајковски загина во 2004 година во авионска несреќа во близина на Мостар. Во несреќата, покрај Трајковски, животот го загубија уште осум лица што беа дел од неговиот кабинет, како и членови на екипажот.
Владиниот „кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во БиХ, на 26 февруари 2014 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар. Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во 8 часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.