
Поради појава на магла намалена е видливоста до 10 метри на патиштата кон Маврово и кон Крушево од 50 до 60 метри, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на сите други државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што поминуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде што е можна почеста појава на одрони.
Во сила е законската обврска за носење зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март в година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


