| четврток, 6 декември 2018 |

Биле порно ѕвезди, денес се калуѓерки

Откако се соочиле со најразлични демони, од грозното детство, преку дрогата, до алкохолизам и многу други проблеми, овие поранешни порно-ѕвезди ја замениле славата и богатството стекнато од порно индустријата за тишината во манастирот.

linda-lovelace

ЛИНДА ЛОВЕЛЕС

Линда Ловелес, родена како Линда Сузан Бормен, светската слава ја стекнала во филмот „Длабоко грло“. Во порно индустријата ја вовел поранешниот сопруг Чак Трејнор. Во бракот со Трејнор, Линда трпела многубројни злоставувања. За време на бракоразводната парница, тврдела дека мажот кој што бил и нејзин макро, со пиштол вперен во чело ја терал да го снима филмот, поради кој стекнала планетарна слава. Кога на крајот успеала да се разведе од него, ја напуштила порно индустријата и се свртела кон Бог, дури и се придружила на анти-порнографското движење.

beti pejdz

БЕТИ ПЕЈЏ

Бети Пејџ, кариерата ја почнала како модел. Славата ја стеклана благодарејќи на експлицитните фотографии, во кој најчесто била врзана или облечена како садо-мазо господарка. Во 1955 година станала Плејбој лице на месецот. Се се сменило во 1959 година, престанала  да се слика гола и се придружила на баптистичката црква.

samanta foks

САМАНТА ФОКС

Оваа британка својата кариера ја почнала така што нејзината мајка испраќала нејзини фотографии во весниците за натпревари во манекенство. Многу брзо, со согласност од родителите поради тоа што била тинејџерка, се сликала топлес и ја лансирало нејзината кариера. Саманта набрзо потоа ја красела насловната на Плејбој и станала пејачка. Меѓутоа Саманта ја напуштила индустријата за возрасни и одлучила кратко време да се посвети на Бог.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top