Калуѓерки од еден италијански манастир биле принудени на пишуваат завети со сопствената крв, морале да се камшикуваат пред спиење и да јадат расипана храна. Ова го изјави една поранешна членка на редот Францискански од Безгрешното зачнување.
– Ќе си ја прободевме кожата со игли пред пишувањето и бевме среќни што можевме да го направиме тоа – рекла калуѓерката која сакала да остане анонимна.
Таа во детали открила како изгледало нејзиното служење во манастирот во 90-тите години за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
Оваа калуѓерка, која во тоа време имала само 17 години, ја покажала старата хартиена икона од Богородица, која била покриена со кафеаво-црвени букви, за кои тврдела дека се нејзината крв.
– Ни беше кажано дека нашата врска со Бог на тој начин ќе биде посилна и поавтентична – открила таа.
Францисканските сестри после тоа морале да ги уништат картичките со заветот, но оваа калуѓерка одлучила да задржи една за себе.

– Напишав две и една зачував во куќата на моите родители – рекла таа.
Калуѓерката исто така тврди дека редовно јаделе бајата храна, како јогурт и конзервирано месо на кои им бил истечен рокот на траење.
Таа додала и дека старешините ги поттикнувале сестрите да се камшикуваат секоја вечер и тоа толку долго колку што им било потребно да измолат пет „Аве Марии“, пет молитви „Оче наш“ и пет „Слава на таткото“.
Ватикан наредил истрага за нејзините тврдења, а веќе е подготвено големо досие кое содржи сведоштва на уште неколку калуѓерки кои тврдат дека сите овие работи се случувале.
Но, лидерот на редот, отецот Стефано Мариа Манели (82) ги негирал сите обвиненија. Инаку, тој уште во 1982 година го започнал овој ред кој има девет манастири во Италија и уште шест ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вистина, лаги и лајкови“ – главна тема на вториот Истражувачки филмски фестивал Скопје
-
Ново ветување: Земјите од Балкан во ЕУ до 2025 година ако ги решат споровите
-
Мит или вистина за најстарите и за најмладите деца во семејството
-
200.000 евра годишно за плукање по ВМРО ДПМНЕ и затварање очи и замолчување пред криминалите на Заев