Во исповедта која весникот ја пренесува интегрално, Миланка тврди дека игуменијата пред неа намерно се слекувала, а еднаш непримерно ја галела дури и за време на бдеењето во црквата, за потоа „со чудна насмевка“ ја поканила „да прошетаат“ низ шумата.
Случајот на Миланка е само еден од безбројте во Миулешевската епархија, на што пред Нова година укажа и монахот Николај од манастирот „Куманица“ кај Бродарево. Во писмото што им го испратил на српскиот претседател Томислав Николиќ, на патријархот Иринеј и на рускиот патријарх Кирил Николај предупредил дека владиката Филарет во својата епархија толерира, а и самиот е вмешан во многу небогоугодни дела како што се алкохолизмот, сексуалните перверзии и пороци и ненаменско трошење пари добиени од прилози од верниците.
Неверојатна манастирска приказна
– Зарем можете и да помислите на такви работи, а не па да зборувате и пишувате? Јас сум стара и сериозна жена, имам 72 години. Таа е една скитничка, која ја спасив и ја примив во манастирот, а таа сега вака ми враќа, нека ѝ служи на честа. Тоа е безобразие, а таа нема добро да помине пред Бога. Толку имам да ви кажам – изјавила повиканата игуменија.
Првата средба ме натера да помислам дека нејзините намери не се примерни ниту чесни, се случи во манастирот Камуница за време на бдеење, кога по нејзин благослов пеев во хорот, раскажува калуѓерката.
Во текот на службата го почуствував нејзиниот допир врз мојата рака. Тој допир, благо кажано кај мене предизвика ежење. Откако излегов од црквата, ме фати за рака и ме повика заедно да прошетаме во шумата со чудна насмевка на лицето..
По извесно време, на нејзино барање дојдов во манастирот на Свети Илија во Јабуka со желба да учествувам во изградбата на конакот. Во текот на заедничкиот престој во собите во кои спиевме, секој ден бев сведок на незјиното соблекување и фрлање на облеката, при што бараше да не и замерувам на слободното однесување, објаснува таа.
Јас на почетокот на тоа не ни обраќав внимание, но работите колуминираа оној ден кога како послушност од мене бараше да ја масирам од стапалата преку колената, па и бутните, што го направив со голема мака и гадење.
Чашата се прели кога пружи масажар со одвратен изглед, кој стигна од аптека во Крушевац на нејзино име, во време кога во манастирот немаше никакви прилози. Кога таа справа стигна, да биде уште полошо, бараше лично да ја отворам кутијата. Кога ја видов таа справа, неможам да ви опишам како се чувствував, бидејки за тоа не постојат зборови.
Тогаш таа рече:
– Ако те болат рацете, со ова ќе ме масираш – барајки од мене да ја уклучам во струја таа одвратна справа која вибрираше и ги менуваше боите како семафор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.