| четврток, 6 декември 2018 |

Обама на „Твитер“ следи неколку порно-ѕвезди

Твитер налогот на претседателот на САД, Барак Обама кој  е под водство на „Organizing for Action“ следи 636 илјади налози. Многу од нив се очекувани и вклучуваат мноштво познати личности, но и бизнисмени, како и влијателни Американци, пишува „Макфакс“.

Сепак, меѓу нив се наоѓа и профилот на Аса Акира, порно-ѕвезда која ја следат повеќе од 600.000 луѓе, а во нејзиниот опис се наведува дека „имам повеќекратно наградувана задница“.

Исто така, претседателот Барак Обама ја следи и Џоана Ејнџел, која себеси се опишува како порно принцеза, потоа и Ники Бенз, но и Ешли Стил.

Иако никој од Белата куќа не сакал да одговори на прашањето зошто претседателот следи порно-ѕвезди, новинарите претпоставуваат дека администраторите на профилот оделе по принцип на враќање на следењето, без да влегуваат во тематиката на одредени профили.

Од друга страна пак, некои не веруваат во толкава неодговорност на задолжените за Твитерот на еден претседател туку мислат дека тој намерно ги следи нив, затоа што ги смета за горди Американки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top