В петок, во 20 часот во Драмски театар во Скопје е закажана премиерата на претсавата „Човекот кој го изеде светот“ на Нис-Моме Штокман, а во режија на младата Билјана Радиновски.
Ова е прва претстава во национална установа на младата и талентирана режисерка Радиноска, која досега имала искуство како режисер во независки проекти. Во претставата играат Игор Стојчевски, Диме Илиев Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Димитрија Доксевски и студентот на ФДУ Стефан Вујисиќ.
Драмскиот текст на германскиот автор Нис-Моме Штокман е еден од најпоставуваните текстови на европската сцена. Во неговото твроештво, овој драмски писател раскажува човечки приказни, општествени влијанија на индиидуални приказни, приказни за идентитет, за семејството и љубовни приказни.
– „Човекот кој го изеде светот“ е безмилосно брутална и јака приказна со нежни, секојдневни зборови. Приказна која не се носи со соптвената драма, туку ја инсинуира асоцијативно во оние кои ја гледаат, односно живеат. Оваа претстава ни дава да ѕирнеме во едно семејно секојдневие или пак во сите животи одделно. Ја раскажува приказната за нездравиот однос меѓу родител и дете, еден пропаднат брак, едно изневерено пријателство, едно споро и болно во својата спорост индивидуално пропаѓање – вели режисерката Радиноска.
Рубернс Муратовски, уметничкиот директор на Драмски изјави дека одамна нема видено таква волја, желба, посветеност и љубов кон работата како што тоа го видел кај Радиноска.
– Ако продолжи така да работи, таа никогаш нема да има проблем да најде работа – вели Муратовски, кој имаше само пофални зборови за целата екипа која ја работела претставата.
– Сите петмина имаат прекрасни улоги и ја имаат таа среќа да работат, во според мене, најдобриот театар во Македонија, во Драмски. Морам да го пофалам Диме Илиев, кој е неуморен. И покрај годините, тој во секоја претстава е се подобар и подобар. Сакам да бидам како него еден ден – рече Муратовски.
Сценографијата е на Мика Черепналковска, Ивана Кнез е костимограф, музиката е на Ненад Тонкин. Дизајнот на плакатот е на Магдалена Дилевска, а автор на фотографијата на плакатот е Димитар Апостолов. Во претставата соработуваше и Ана Чучкова, која е психодраматичар.
По пауза од две години со премира во Драмски се враќа Игор Стојчевски. Тој во претставата го толкува главниот лик, безимениот ХХХХ.
– Современото во претставата е пред се пристапот на режисерката. Еден документаристички пристап во градењето на ликовите, односно нема дистанца меѓу ликот кој се толкува и неговите чувства, мисли, намери, односно со актерот – рече Стојчевски.
Нему и на Илев и Доксевски не им е првпат да соработуваат со Радионска. Тие биле дел од актерката екипа на нејзината дипломска претстава.
– Имавме перфектен процес на работа со Радиноска. Се разбиравме со поглед. Можеби неблагодарно е прашањето кое знаат да го постават новинарите: Кој лик би сакал да го толкуваш? Но, овој пат може да кажам дека можеби го чекав овој лик кој го толкувам во претставата. Годините ми се тука за овој текст. Ова ќе биде прекрасна претстава и многу ми е мило што ја сработивме – изјави Илиев.
За потребите на претставата режисерката ангажирала и психодраматичар, Ана Чучкова, која иако еднаш имала средба со актерската екипа, тоа дало резултати.
В сабота, по премиерата, во 12 часот, во Драмски ќе има изложба на сликарот Димитар Мајнов под наслов !Духот на коњот“.
„Капетанот Џон Пиплфокс“ распродадена за декември
Детската претстава „Капетанот Џон Пиплфокс“ која е на репертоарот на Драмски театар е распродадена еден месец однапред, а сега се продаваат билети за јануари, информира директорот на театарот Роберт Вељановски.
– Оваа претстава одлично поминува кај помладата публика и билетите се распродадени за овој месец. Во јануари е планирано да биде на репретоар секоја втора сабота во 12,30 часот. Ние не измислуваме топла вода, само во правиме она што порано било успешно – вели Вељановски.
Тој информира дека билетарницата на Драмски од 1 ноември има ново работно време и работи од понеделник до сабота од 9 до 22 часот, а во недела од 12 до 20 часот.
– Нашето бифе во Драмски работи од 19 до 24 часот. Публиката има можност да дојде пред и по претставата да се напие нешто, да поразговара за претствата. Интенцијата е да го направиме одењето во театар целоверечен настани – вели Вељановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.