| четврток, 6 декември 2018 |

Американец сними филм за Новак Ѓоковиќ

­ Американскиот режисер Кит Ерлич сними документарен филм за најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Филмот насловен „Made By“ промоцијата ќе ја доживее на почетокот на идната година.

Во филмот, меѓу другото, ќе биде прикажано растењето на Ѓоковиќ во Србија и неговиот однос со Јелена Генчиќ, но секако, во прв план ќе бидат спортските успеси на српскиот тенисер.
­

Најголемата борба која ја имав во животот е онаа внатрешната. Ова е можност првпат на светот да му ја раскажам мојата приказна, да покажам што ме формираше и инспирара, вели Ѓоковиќ во филмот.

Документарецот „Made By“ од 13 јануари 2015 година ќе биде достапен на Јутуб каналот на австриската винарија „Јакобс Крик“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top