Поранешниот сопруг на Мадона е најсериозниот кандидат за режисер на наредното продолжение на Бонд – пишуваат британските медиуми. Само неколку дена откако Сем Мендес рекол дека нема да го работи и наредниот филм за Џејмс Бонд, британските медиуми наведуваат дека би можел да го замени Гај Ричи.
Покрај него, на кого Британците му даваат најголеми шанси, се спомнуваат и режисерот на „Казино Ројал“ и „Златно око“, Мартин Кембел, а во игра се и Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.
Најмалку шанси да бидат во режисерското столче на новиот Бонд имаат Квентин Тарантино, Клинт Иствуд и Тим Бартон иако тие веројатно би го прикажале Бонд на поинаков начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


