| четврток, 6 декември 2018 |

Виртуелното македонско село во Нерези станува реалност

Ос­нов­на­та иде­ја на про­е­ктот е да се прет­ста­ви тра­ди­ци­о­нал­на­та ар­хи­те­кту­ра, исто­ри­ја на за­на­е­ти, спе­ци­фи­ки­те на об­је­кти ка­ра­кте­ри­стич­ни за си­те ет­нич­ки за­ед­ни­ци во Ма­ке­до­ни­ја во ру­рал­ни­те сре­ди­ни. За­тоа, ко­га ќе оди­те да го по­се­ти­те, не ба­рај­те ја тра­ди­ци­о­нал­на­та охрид­ска, ве­ле­шка или кру­шев­ска град­ска ку­ќа

Есен­та во се­бе ги но­си нај­у­ба­ви­те бои. Жол­та, зе­ле­на, пор­то­ка­ло­ва, цр­ве­на, ка­фе­на… Уште ко­га сте на пла­ни­на, то­гаш најм­но­гу се за­бе­ле­жу­ва­ат, по­себ­но ко­га вре­ме­то е ве­дро и сон­че­во. За скоп­ја­ни, Вод­но е пр­во­то при­бе­жи­ште од за­га­де­ни­от воз­дух и бег­ство од се­којд­не­ви­е­то. А комп­ле­ксот „Све­ти Пан­те­леј­мон“ е пр­ви­от из­бор за се­ме­ен по­ја­док во не­де­ла. Пи­та и ки­се­ло мле­ко и Скоп­је на длан­ка. И ко­га до­а­ѓа­те на Пан­те­леј­мон од Сред­но Вод­но, ко­га во­зи­те по па­тот, одед­наш пред вас из­ник­ну­ва це­ла на­сел­ба. Цел комп­лекс ку­ќи, кои уште се гра­дат. Се заг­ле­ду­ва­те во нив и за­бе­ле­жу­ва­те де­ка се раз­лич­ни, иа­ко на прв пог­лед изг­ле­да­ат мно­гу слич­ни ед­на на дру­га. Сѐ уште не се го­то­ви. Дел од нив има­ат и фа­са­ди, про­зор­ци, чар­да­ци­те им се го­то­ви, на дел сè уште се ра­бо­ти. За не­кои се че­ка ка­мен од Ал­ба­ни­ја, за не­кои ка­ме­нот е при­стиг­нат ама тре­ба да се исе­че, да се на­ре­ди. Во доц­на­та есен, на гра­ди­ли­ште­то за­бе­ле­жу­ва­те ра­бот­ни­ци рас­тр­ча­ни на си­те стра­ни, ба­ге­ри, ло­па­ти, ка­мен, ма­те­ри­ја­ли за изо­ла­ци­ја…

etno-selo-skopje-740-golema

Пр­ви­те го­сти во се­ло­то во ју­ни

Ла­ни, на 7 ју­ни бе­ше по­ста­вен ка­мен-те­мел­ни­кот на про­е­ктот „Ма­ке­дон­ско вир­ту­ел­но се­ло“, во Гор­но Не­ре­зи, спро­ти комп­ле­ксот „Све­ти Пан­те­леј­мон“. Бе­ше нај­а­вен де­ка ќе се гра­ди 17 ме­се­ци, ама из­град­ба­та се одол­жи, најм­но­гу по­ра­ди вре­мен­ски­те ус­ло­ви. Ла­ни по­ра­ди дол­га­та и ек­стрем­но сту­де­на зи­ма, по­тоа по­ра­ди мно­гу же­шко­то вре­ме ко­га во си­ла бе­ше за­бра­на­та за ра­бо­та на отво­ре­но. Спо­ред си­те про­це­ни, нај­оп­ти­ми­стич­ки­те ва­ри­јан­ти се де­ка на­про­лет ова се­ло ќе би­де го­то­во. По­тоа ќе оста­не да се уре­ди ен­те­ри­е­рот во ку­ќи­те, што е нај­ска­пи­от дел од изра­бо­тка­та на ку­ќи­те. Ве­ќе во ју­ни се­ло­то мо­же да ги при­ми пр­ви­те го­сти.

Ос­нов­на­та иде­ја на про­е­ктот е да се прет­ста­ви тра­ди­ци­о­нал­на­та ар­хи­те­кту­ра, исто­ри­ја на за­на­е­ти, спе­ци­фи­ки­те на об­је­кти ка­ра­кте­ри­стич­ни за си­те ет­нич­ки за­ед­ни­ци во Ма­ке­до­ни­ја во ру­рал­ни­те сре­ди­ни. За­тоа, ко­га ќе оди­те да го по­се­ти­те, не ба­рај­те ја тра­ди­ци­о­нал­на­та охрид­ска, ве­ле­шка или кру­шев­ска град­ска ку­ќа. Спо­ред еден од про­е­ктан­ти­те на идеј­ни­от про­ект „Ма­ке­дон­ско вир­ту­ел­но се­ло“, ар­хи­те­ктот Ми­ле Не­дев­ски, иде­ја­та е да се прет­ста­ват сел­ски­те ку­ќи во Ма­ке­до­ни­ја.

– Иде­ја­та бе­ше да се из­гра­дат автен­тич­ни ку­ќи од ру­рал­ни­те сре­ди­ни, но со мо­дер­ни ма­те­ри­ја­ли. По­себ­но што ова е и трес­но по­драч­је, не мо­же­ме да ри­зи­ку­ва­ме. Во из­град­ба­та на си­те об­је­кти во се­ло­то се ко­ри­сте­ни нај­со­вре­ме­ни ма­те­ри­ја­ли – ве­ли Не­дев­ски од­го­ва­рај­ќи на за­бе­ле­шки­те зо­што ку­ќи­те во се­ло­то не се гра­де­ни автен­тич­но, со ма­те­ри­ја­ли што се ко­ри­сте­ле пред по­ве­ќе од еден век.

Ин­ве­сти­тор на про­е­ктот, кој спо­ред не­кои про­це­ни тре­ба да чи­ни око­лу че­ти­ри ми­ли­о­ни евра, е Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а фир­ма-из­ве­ду­вач е АК „Ин­вест-Те­то­во“. Од Ми­ни­стерс­тво­то за еко­но­ми­ја сме­та­ат де­ка со из­град­ба­та на ова се­ло ќе се зго­ле­ми ту­ри­стич­ка­та по­ну­да во Скоп­је.

etno-selo-skopje-740-golema

– Ре­а­ли­за­ци­ја­та на про­е­ктот ќе чи­ни око­лу три ми­ли­о­ни евра, а за ен­те­ри­е­рот е пред­ви­ден до­пол­ни­те­лен еден ми­ли­он. Сме­та­ме де­ка тоа не е го­ле­ма су­ма за ва­ква по­ну­да, имај­ќи пред­вид де­ка со об­је­кти­те во ид­ни­на ќе мо­же да сто­па­ни­су­ва­ат при­ват­ни ли­ца и на та­ков на­чин да се вра­ти ин­ве­сти­ци­ја­та – из­ја­ви Ва­љон Са­ра­ќи­ни, ми­ни­сте­рот за еко­но­ми­ја, при ед­на по­се­та на Се­ло­то.

Спо­ред не­го, сѐ уште не­ма фи­нал­но ре­ше­ние за тоа кој и под ка­кви ус­ло­ви ќе мо­же да сто­па­ни­су­ва со об­је­кти­те.

Иа­ко ста­ну­ва збор за го­ле­ма ин­ве­сти­ци­ја, се оче­ку­ва па­ри­те што се вло­же­ни во бр­зо вре­ме да се вра­тат. Во се­ло­то ќе има вкуп­но 54 со­би за из­да­ва­ње, еден апарт­ман, ан, ме­а­на, про­дав­ни­ци за су­ве­ни­ри, ет­но­ло­шки му­зеј, ам­фи­те­а­тар. Поз­на­ва­чи­те ве­лат де­ка ова се­ло ќе би­де по­се­ту­ва­но, по­себ­но од ВИП-лич­но­сти, кои са­ка­ат да из­бег­нат од пре­сто­јот по хо­те­ли­те и сме­сту­ва­ње во ва­ков, ру­сти­ка­лен об­јект ќе им би­де ви­стин­ско ужи­ва­ње и осве­жу­ва­ње. По­себ­но што е да­ле­ку од град­ски­от ме­теж, а се­пак бли­зу до гра­дот. Це­ли­от комп­лекс би вра­бо­тил нај­мал­ку два­е­се­ти­на ре­дов­но вра­бо­те­ни и си­гур­но уште тол­ку хо­но­рар­ни со­ра­бот­ни­ци.

Сто­пан­ски и еко­ном­ски дел на се­ло­то

Про­е­ктот „Ма­ке­дон­ско се­ло“ со­др­жи  17 об­је­кти од кои 12 се ку­ќи, и е по­де­лен на два де­ла – сто­пан­ски и еко­ном­ски дел. Во пр­ви­от, сто­пан­ски­от дел има комп­лекс од 12 ти­пич­ни ма­ке­дон­ски сел­ски ку­ќи, по­тоа при­јав­ни­ца или ре­цеп­ци­ја, про­дав­ни­ца на­ме­не­та за про­даж­ба на су­ве­ни­ри, ме­а­на, ан, ет­но­ло­шки му­зеј, гор­на и дол­на ма­ал­ска чеш­ма, ка­ко што во­о­би­ча­е­но има во си­те ма­ке­дон­ски се­ла. Чеш­ма­та по­ра­но би­ла ед­но од нај­важ­ни­те ко­му­ни­ка­ци­ски цен­три, ме­сто ка­де што се доз­на­ва­ле си­те ве­сти во се­ло­то. Во еко­ном­ски­от дел се пла­ни­ра­ни тр­ло, ба­чи­ло за ов­ци, риб­ник, во­де­ни­ца и ва­лал­ни­ца.

– Сто­пан­ски­от дел на се­ло­то се про­сти­ра на 5.400 ква­драт­ни ме­три, а еко­ном­ски­от дел тре­ба да би­де на 5.600 ква­драт­ни ме­три. До­се­га вкуп­но се из­гра­де­ни 17 об­је­кти. Освен ку­ќи­те, кои се 12 на број, из­гра­де­ни се уште и во­де­ни­ца­та, ва­лал­ни­ца­та, ме­а­на­та, анот и ет­но­ло­шки­от му­зеј. Се че­ка про­е­ктот за тр­ло­то, ба­чи­ло­то и за риб­ни­кот. Тоа ќе се гра­ди пос­лед­но, би­деј­ќи се­га ни пре­чи во ра­бо­та­та – ве­ли Или­ја Шу­ка­лов, ин­же­нер-ар­хи­тект во АК „Ин­вест – Те­то­во“, фир­ма­та из­ве­ду­вач на про­е­ктот.

etno-selo-skopje-520-1

Шу­ка­лов стрп­ли­во ни ги рас­ка­жу­ва де­та­ли­те за про­е­ктот од кој се оче­ку­ва да до­не­се ту­ри­сти во Скоп­је. Спо­ред пла­нот, има 12 ку­ќи  и тоа: дел­чев­ска, ку­ма­нов­ска, те­тов­ска, бе­ров­ска, кра­тов­ска, скоп­ско-цр­но­гор­ска, ре­кан­ска, га­лич­ка, стру­шка, би­тол­ска, при­леп­ска и ве­ле­шка. Пла­ни­ра­но е во при­зем­је­то на ку­ќи­те да би­дат прет­ста­ве­ни за­на­е­ти­те ка­ра­кте­ри­стич­ни за тој крај од ка­де што е ку­ќа­та, а го­ре, на ка­то­ви­те, да има со­би за из­да­ва­ње. Со­би­те се ти­пич­но хо­тел­ски, со по два, три или че­ти­ри кре­ве­ти и ќе слу­жат за из­нај­му­ва­ње. Си­те ку­ќи, освен стру­шка­та, га­лич­ка­та и ре­кан­ска­та ку­ќа има­ат при­зем­је и еден кат, а овие три се по­го­ле­ми и се гра­де­ни на два ка­та.

– Во­о­би­ча­е­но, по скоп­ски­те ка­фе­а­ни се одр­жу­ва­ат тра­ди­ци­о­нал­ни­те ве­че­ри ка­ко кра­тов­ска, ве­ле­шка и слич­ни дру­ги. Мис­лам де­ка ток­му тие ве­че­ри ќе мо­жат да се ор­га­ни­зи­ра­ат ту­ка, ко­га ќе би­де го­то­во се­ло­то – ко­мен­ти­ра Шу­ка­лов.

Се­ко­ја ку­ќа со свој за­на­ет

Во из­град­ба­та на тра­ди­ци­о­нал­ни­те, сел­ски ку­ќи во ма­ке­дон­ско­то се­ло про­е­ктан­ти­те се во­де­ле од иде­ја­та да ги прет­ста­ват ти­пич­ни­те ку­ќи од одре­ден ре­ги­он во Ма­ке­до­ни­ја. Пла­нир­но е во се­ко­ја од овие 12 ку­ќи во при­зем­је­то да има прет­ста­ву­ва­ње за­на­е­ти ти­пич­ни за тој ре­ги­он. Та­ка, ку­ќа­та од бе­ров­ско-ма­ле­шев­ски­от ре­ги­он и таа од скоп­ско-цре­но­гор­ски­от во при­зем­је­то ќе има­ат тка­јач­ни­ца, дел­чев­ска­та ку­ќа ќе го прет­ста­ву­ва сто­лар­ски­от за­на­ет, кра­тов­ска­та ку­ќа во при­зем­је­то има ви­нар­ска виз­ба, ко­ја ќе слу­жи за про­даж­ба и за де­гу­ста­ци­ја на ви­на. Во ку­ма­нов­ска­та и во стру­шка­та ку­ќа ќе има ре­сто­ра­ни ка­де што ќе се слу­жат тра­ди­ци­о­нал­ни ја­де­ња од тие кра­е­ви. Во го­сти­вар­ско-ре­кан­ска­та ку­ќа во при­зеј­ме­то ќе има ба­кал­ни­ца, а еден дел ќе би­де на­ме­нет за сме­сту­ва­ње ли­ца со по­себ­ни по­тре­би. Во га­лич­ка­та ку­ќа ќе би­де прет­ста­ве­но тра­ди­ци­о­нал­но­то под­го­тву­ва­ње на си­ре­ње­то и на ка­шка­ва­лот би­деј­ќи тој крај на­да­ле­ку е про­чу­ен по ква­ли­те­тот на овие млеч­ни про­из­во­ди. Во те­тов­ска­та ку­ќа ќе би­де при­ка­жан тра­ди­ци­о­нал­ни­от ку­јун­џи­ски за­на­ет, а во ве­ле­шка­та ќе се пра­ват са­ма­ри, опин­ци, со ак­цент на ќур­чи­ски­те, ко­жар­ски про­из­во­ди по кој е поз­нат овој дел на Ма­ке­до­ни­ја. Ку­ќа­та од при­леп­ски­от ре­ги­он во при­зем­је­то ќе при­ка­жу­ва ка­ко се ни­же ту­ту­нот, а би­тол­ска­та ќе го прет­ста­ву­ва грн­чарс­тво­то ка­ко за­на­ет.

Во се­ко­ја од ку­ќи­те, освен со­би за из­да­ва­ње на ка­то­ви­те, во дол­ни­от дел ќе има и про­дав­ни­ци ка­де што ќе се про­да­ва­ат про­из­во­ди од тој крај.

etno-selo-skopje-520-2

Анот е пла­ни­ра­но да би­де из­гра­ден со еле­мен­ти на тра­ди­ци­о­нал­на­та ар­хи­те­кту­ра од 19 век, исто ка­ко и ме­а­на­та, во ко­ја, исто та­ка, ќе има со­би за из­да­ва­ње.

Во еко­ном­ски­от дел се во­де­ни­ца­та и ва­лал­ни­ца­та, кои се ве­ќе из­гра­де­ни, а ту­ка уште спа­ѓа­ат и риб­ни­кот, шта­ла­та, тр­ло­то. Пла­ни­ра­но е во­да­та од риб­ни­кот да се сле­ва во во­де­ни­ца­та, а по­тоа и во ва­лал­ни­ца­та. Во­де­ни­ца­та е пред­ви­де­но да би­де еди­неч­на, со ед­но во­де­ни­чар­ско кол­це, из­гра­де­на од ка­мен, по­кри­е­на со ка­ме­ни пло­чи. Тре­ба да би­де актив­на, во функ­ци­ја и за пре­зен­та­ци­ја на во­де­ни­чар­ски­от за­на­ет. Ва­лал­ни­ца­та тре­ба да го по­ка­же ва­лал­ни­чарс­тво­то во Ма­ке­до­ни­ја.

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра Маз­не­ва – Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top