Во седмото коло од Лигата на шампионите во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот преставник РК Вардар води на полувреме со 19-17.
Во најавите на мечот се знаеше дека Целје нема тим за потценување. Играат брз ракомет со многу голови.
Сепак играта добро прочитана и иако десеткувани со неколку повредени играчи избраниците на Раул Гонзалес дојдоа до предност со два гола разлика. Вардарци добро го отворија резултатот и ја „запалија“ публиката со неколку брзи и одлични акции од бековските позиции. Карачиќ и Дујшебаев одлично соработуваат, додека на голот Арпад Штербик успеа да фати неколку чисти зицери.
Кај гостите посебно се истакнаа бековскиот тандем од левата и десната страна Слишковиќ со пет и Зарабец седум гола.
Кај „црвено-црните“ дури осум играчи се запишаа во листата на стрелците. Нив ја преводат Карачиќ, Тоскиќ и Дибиров со по четири гола.
Во вториот дел се очекува уште побрза игра кај Вардар со цел да се направи поголема резултатска предност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




