| четврток, 6 декември 2018 |

Хаику-песни од Владимир Мартиновски – инспирација за англиски хор

vladimir-martinovski2

Композиција за мешан хор и гудачки квартет инспирирана од четири хаику-песни на македонскиот поет Владимир Мартиновски синоќа премиерно беше изведена во најстарата музичка сала во светот, лондонски „Витонс мјузик хол“, како финале на целовечерен концерт посветен на современата македонска музика.

Автор на композицијата, насловена „Четири“, е Михајло Трандафиловски, композитор по потекло од Македонија, кој долго време живее во Англија. Делото го изведоа два реномирани ансамбла, хористите од Новиот лондонски камерен хор (New London Chamber Choir), мешан хор од 24 члена, и гудачите од Кројцер квартет (Kreutzer Quartet). Диригент е Клемен Пауер.

Делото е конципирано во четири става, секој инспириран од по една хаику-песна на македонскиот поет Владимир Мартиновски, објавени во книгата „И вода и земја и оган и воздух“.

– Михајло, кој долго време живее во Англија, ми кажа дека за време на една посета во Македонија случајно налетал на мојата поезија. Бидејќи се познаваме одамна, ме контактира и ми јави дека планира да компонира според песните од книгата. Во воведниот дел од партитурата песните се дадени на англиски, препеани од Румена Бужаровска, а во композицијата – во оригинал, на македонски – изјави Мартиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top