| четврток, 6 декември 2018 |

Интер со пресврт подобар од Днипро, Муарем успеа да извлече бод на гостувањето во Франција

Вечерва ширум Европа се играше петтото коло од Лига Европа.
Италијанскиот гигант Интер со целосен пресврт и црвен картон успеа да победи на домашен терен против Днипро со 2-1 и да на коло до крајот од групната фаза да се пласира во следнат рунда.
Се чини дека најважен момент на натпреварот беше одбранетиот пенал на голманот на Интер Хандановиќ при резултат 0-1 за гостите и им даде ветер во грбот на своите соиграчи да поистигнат два гола со играч помалку и заслужено да слават на Сан Сиро.
Конопљанка беше трагичар на мечот кој не успеа да го реализира пеналот и да го доведе Днипро во водство од 2-0.
Гостите од Украина први поведоа со голот на Ротан во 16 минута.
Кузмановиќ успеа да го израмни резултатот во 30 минута. Само што започна второто полувреме Ранокија заработи втор жолт картон и беше исклучен од натпреварот. Тоа не ги поголеба избраниците на Манчини и за само пет минути од вториот дел постигнаа уште еден гол преку Освалдо кој беше и конечен разултат.

Во оваа група македонскиот интернационалец Муарем Муарем со својот Карабах останаа непоразени на гостувањето против Сент Етјен, ремизирајќи 1-1 и остана и натаму со шанси за пласман во следната рунда натпревари.

Интересен натпревар одиграа и Вилјареал и Борусија Мехенгладбах во групата А во кој беа постигнати четири гола. На крајот од натпреварот двете екипи мораа да се задоволат со по еден освоен бод бидејќи заврши со резултат 2-2.

Натпреварот во Португалија во рамките на групата Е, меѓу Есторил и ПСВ беше прекинот на почетокот од второто полувреме, поради тоа што теренот беше комплетно поплавен без услови за игра. Во моментот на прекин Есторил има предност од 3-2.

Тотенхем на Вајт Харт Лејн во Лондон со неуверлива игра доволна за три бода, минимално со 1-0 беа поуспешни од Партизан. Едниствениот гол го постигна Стамболи во 49 минута.
ГРУПА А:

Вилјареал – Мехенгладбах 2-2, Цирих – Аполон 3-1

ТАБЕЛА: Вилјареал 8 бода, Мехенгладбах 8, Цирих 7, Аполон 3 бода.

ГРУПА Б:

Торино – Бриж 0-0, Хелсинки – Копенхаген 2-1

ТАБЕЛА: Бриж 9 бода, Торино 8, Хелсинки 6 бода, Копенхаген 4 бода.

ГРУПА Ц:

Тотенхем – Партизан 1-0, Астерас – Бешикташ 2-2

ТАБЕЛА: Тотенхем 11 бода, Бешикташ 9, Астерас 4, Партизан 1 бод.

ГРУПА Д

Селтик – Салцбург 1-3, Астра – Динамо З. 1-0

ТАБЕЛА: Салцбург 13 бода, Селтик 8, Астра 4, Динамо 3 бода.

ГРУПА Е

Динамо М. – Панатинаикос 2-1, Есторил – ПСВ 3-2 (прекин)

ТАБЕЛА: Динамо Москва 15 бода, ПСВ 7, Есторил 6, Панатинаикос 1 бод.

ГРУПА Ф

Интер – Днипро 2-1, Ст. Етјен – Карабах 1-1

ТАБЕЛА: Интер 11 бода, Ст. Етјен 5, Карабах 5, Днипро 4 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top