„Гугл“ работи за владата на САД , особено за Стејт департментот. Тоа го напишал во својата нова книга Џулијан Асанж. Основачот на „Викиликс“ дошол до овој заклучок по средбата на претседателот на „Гугл“, Ерик Шмит, со членови на одборот на директори на компанијата во јуни 2011 година. На средбата, што се одржала во Велика Британија , присуствувале некои си Лајза Шилдс и Скот Малкемсон, дипломатски емисари на Вашингтон.
Во книгата Асанж во детали го пренесува разговорот, без да се знае како дошол до нив.
– Во еден момент сфатив дека Ерик Шмит работи за Владата на САД. Лично мене ме посетија луѓе, наводно, од „Гугл“, но всушност тие беа една четвртина, а другите три четвртини беа луѓе на Стејт департментот – вели Асанж. Австралиецот во книгата држи до тезата дека „Гугл“ им нуди на ФБИ и на ЦИА речиси неограничен пристап до електронските писма на корисниците на најголемиот пребарувач .
– Тоа не може да се случи без наредбата на обвинителството на САД или судско овластување, забележува основачот на „Викиликс“. Книгата на Асанж има наслов со многузначења ,„Како ’Гугл‘ го откри ’Викиликс‘“.
Книгата ќе излезе прво на шпански јазик, под капата на издавачката куќа „Клаве интелектуал“. Премиерата е на 1 декември во Мадрид, на која 43-годишниот Асанж нема да присуствува лично, но ќе одговара на прашања преку видеоврска.
Веќе трета година Асанж се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон, од каде неможе да замине, бидејќи ќе биде уапсен и предаден на Шведска, за да одговара по обвинение за силување на две жени во 2010 година
Неодамна еквадорските власти на неограниченого продолжија политички азил на Асанж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.