| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватскиот претседател го чуваше синот на Северина

син

Северина прексиноќа одржа солистички концерт во салата „Ватрослав Лисински“. Нејзиниот настап од првите редови го следеше и нејзиниот син Александар во друштво на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

– Важни разговори, важни луѓе – напиша хрватската ѕвезда на социјалните мрежи под фотографијата на која нејзиниот двегодишен син Александар е во друштво со првиот човек на Хрватска, Иво Јосиповиќ.

Во еден момент нејзиниот син го прекина концертот викајќи ја Северина „мама“, што публиката го дочекала со овации.

Настапот имал хуманитарен карактер бидејќи целиот приход од влезниците бил наменет за болните деца во една хрватска болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top