Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Галерија 8 – Безистен, Стара скопска чаршија, вечерва во 21 часот ќе се отвори изложбата на ликовната уметница Љупка Галазка-Василев, на која ќе бидат претставен дела инспирирани од природата и македонските етноелементи, кои авторката успешно ги вклопува во еден современ минималистички простор.
Љупка Галазка-Василев дипломира на Академијата за применета уметност во Софија. Во своето творештво, уметницата користи повеќе техники: колаж, пастел, акрил, таписерии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.