Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип.
На местото на убиството и околината се присутни засилени полициски сили, кои се уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен. Маноилов за време на убиството бил на службена должност Инаку, убиени се двајца повозрасни мажи и една жена, односно, како што јави дописникот на МИА од местото на настанот, се работи за таткото и за мајката на неговата сопруга и за уште едно непознато машко лице.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, изјави дека во моментот се врши увид од страна на основен јавен обвинител и екипи на СВР Штип.
Повеќе детали полицијата најавува во декот на денот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка