| четврток, 6 декември 2018 |

Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово

Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип.

На местото на убиството и околината се присутни засилени полициски сили, кои се уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен. Маноилов за време на убиството бил на службена должност Инаку, убиени се двајца повозрасни мажи и една жена, односно, како што јави дописникот на МИА од местото на настанот, се работи за таткото и за мајката на неговата сопруга и за уште едно непознато машко лице.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, изјави дека во моментот се врши увид од страна на основен јавен обвинител и екипи на СВР Штип.

Повеќе детали полицијата најавува во декот на денот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top