| четврток, 6 декември 2018 |

СДММ го измисли екстерното тестирање за студентите

Alek Gochev

Младината на СДСМ е главниот организатор на протестите за наводното екстерно тестирање. Како водачи и главни повикувачи студентите да излезат на протести се јавуваат симпатизери и членови на СДММ. Голем дел од нив можат да се забележат во придружба на истакнати членови на СДСМ како и луѓе од раководството на СДСМ. Истите луѓе се дел од придружбата на Стево Пендаровски кога тој беше кандидат за претседател на Македонија , објавуваат фотографии на фејсбук со екслидерот на партијата, Бранко Црвенковски. Некои од организаторите на протестот на социјалните мрежи се претставуваа како „сенка на лидерот Црвенковски“. Меѓу најгласните „студенти“ има членови на извршни одбори на градски организации на СДСМ, кои се појавуваат во низа активности на СДММ и протести организирани и поддржани од СДСМ.

bojan matovski gjorce petrov sdmm

Премиерот Никола Груевски појасни дека државата подготвува државен испит со цел да се зголеми квалитетот во високото образование. Според него не е точна информацијата дека се работи за екстерно тестирање, туку се работи за државен испит кој ќе стави крај на незаслужените високи оцени и да се зголеми квалитетот на високото образование. За голем дел од студентите не е проблем државниот испит туку наводниот есктерен тест, кој, барем според тврдењата на Владата, нема да го има ниту пак некој планира да го воведе.

alek na protesti

При државен испит нема проверка на професорите, туку се проверува знаењето на студентите. Притоа, тие доколку и го положат испитот со 6-ка, а од професорот добиле 10-ка, нивната оценка нема да се менува. Ќе биде важно само дека го положиле испитот. Поените ќе можат да си ги видат, но тоа ќе биде само за нив, да знаат како поминале. Студентот, доколку не го положи државниот испит, нема да изгуби година, оцена или услов, туку државниот испит може да го полага неограничен број на пати, се додека не го положи.

gordan sutarov

Screenshot_1 sutarov pocista

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top