| четврток, 6 декември 2018 |

„Така прават сите“ во Македонска опера и балет

Утре со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена најновата продукција на оперската претстава „Така прават сите“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Во главните улоги ќе настапат: Билјана Јосифов, Николина Јаневска, Билјана Трајковска, Живе Кремшовски, Јане Дунимаглоски и Ернес Иибраимовски.

Сценограф е Зоран Николовски, изборот на костими го направи Марта Трендафилова, режисер е Цветан Стојановски, диригент е Саша Николовски-Ѓумар.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top