Околу 8.000 предмети за имотите на Македонците од Егејска Македонија се вратени од Стразбур во првостепените судови на Грција.
Ако во наредните два до три месеци не добиеме позитивен одговор од судовите на Егејскиот дел на Македонија во Грција, одиме на втор степен, во судовите на Егејскиот дел на Македонија. Ако добиеме негативен одговор, ќе одиме директно во Стразбур – изјави Ташко Јованов, претседател на здружението „Македон“, на денешната панихида за паднатите борци од егзодусот во Егејска Македонија во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип.
Тој додаде дека од Судот за човекови прва во Стразбур добиле насока, најпрво правата за одземаните имоти да ги бараат во грчите судови.
Ако спорот со името се реши меѓу Македонија и Грција, предметите за имотно-правните односи, но и за македонското прашање во Грција побрзо и поеднаставно ќе се решат.
Како што рече претседателот на „Македонски Егеј“ Јорадн Тунев, целта на денешната панхида кој е традиционална, е семејствата да се потсетат и да им оддадат почит на нивните најмили настрадани во егзодусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лазарова Трајковска со порака до судовите во Македонија: Одлуките на судиите да се засноваат врз европското право
-
ПССЕ од Стразбур препорача:Реформите да бидат прифатени со консензус
-
Уапсените терористи во Стразбур и во Марсеј планирале напади на 1 декември
-
Македонија е активно вклучена во управувањето на бегалската криза