Истрагата за местење фестивали се пресели и на сцената на народната музика, дознава Алфа од свои извори. Откако полицијата откри организирана група која ја сомничи дека ги местела резултатите и влијаела на пласманот на изведувачите на Скопскиот фестивал, сега се утврдува како годинава се гласало на два фестивали за народна музика.
Причина повеќе за сомнежот дека осомничените кои според МВР вмеша прсти во телевоутингот за избор на песна за Евровизија, влијаеле и на пласманот на други фестивали, е фактот што во собраните докази при претресот во двата стана каде се вршеше групното координирано гласање биле пронајдени цели списи и извештаи за еден фестивал на народна музика кој не се одржува во Скопје.
Мотивот на осоминичените најверојатно и во овие два случаи бил ист односно да дојдат до 35 те илјади евра што како награди се доделуваа на овие два фестивали.
За скопскиот фестивал Министерството за култура оддели 45.000 евра за првите три награди, според МВР целта на осомничените била да дојдат до парите со тоа што ќе го наместат телефонското гласање.
Засега нема индиции дека сомнителните гласови биле за привите три места на Скопскиот фестивал, а истото го потврдиле и 14 малолетници кои во полиција и пред надлежниот обвинител кажале дека им било наложено да гласаат за други двајца изведувачи.
На 12 ноември, по завршувањето на Скопскиот фестивал, на сцена стапи полицијата. Осомничи продуцент, автор – композитор, пеач и сопственик на фирмата која го организирала телевоутингот, дека вијаеле на гласањето на фестивалот. Истата вечер, на две локации во Скопје, МВР откри уште 14 главно малолетни лица на кои им биле дадени 2500 сим картички, за да гласаат по дадени инструкции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%


