Се очекува денес температурата да порасне за десет степени Целзиусови и да продолжи да расте во следните денови. Се прогнозира и дожд, а американскиот Црвен крст апелирал до луѓето да се засолнат на повисоки подрачја.
Властите на Њујорк стравуваат од штетата што ќе ја предизвика поплавниот бран, но и рушењето на покривите под тежината на напаѓаниот снег.
Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо изјавил: -Ако температурите пораснат толку брзо како што се најавува, постои опасност од уривање на објекти и тешки поплави. Поплавите можат да бидат ужасни, мислам навистина ужасни. Тие можат да бидат пострашни од снежното невреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.