| четврток, 6 декември 2018 |

Поради немање квалитетни докази Германија ќе ја прекинe истрагата за Меркел

меркел

Поради недостиг од квалитетни докази германските власти ќе ја прекинат истрагата за наводно прислушкување на канцеларката Ангела Меркел од страна на американската Национална безбедносна агенција.
Истрагата беше почната пред шест месеци, но експертите за шпионажа не успеаја да најдат ниту еден конкретен доказ дека прислушкувањето навистина се случило, па затоа препорачаа истрагата да се прекине.

Резултат од истрата речиси и да нема, рече еден извор, а пренесоа француските медиуми.

Изворите наведуваат дека сојузното државно обивнителство ќе постапи по препораката на стручњаците за шпионажа.
Германското правосудство во јуни соопшти дека отворило истрага за наводното шпионирање на странски разузнавачки служби на територијата на Германија.
Документите што ги објави пребеганиот американски разузнавач Едвард Сноуден покажаа дека прислушкувањето на телефонските разговори на германските граѓани и нивната комуникација на Интернет било широко распространето, што предизвика бес кај германската јавност. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top