Поранешната портпаролка на обвинителството на Меѓународниот трибунал во Хаг, Флоранс Артман, изјави дека е недозволиво привременото ослободување на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, бидејќи пресудата против него веќе е напишана, иако не е и објавена, пренесе агенцијата Хина.
-Пресудата е веќе напишана, а никој не сака да каже каква е казната. Шешељ не е толку болен да не може да го ислуша нејзиното објавување, рече Артман во интервју за словенечкиот дневен весник „Дело“.
Артман оцени дека ослободувањето на Шешељ е неоправдано и од гледна точка на правата на човекот, подвлекувајќи дека „никој не сака да умре без да добие одговор на прашањето дали е виновен или не“.
Поранешната портпаролка на хашкото обвинителство го обвини трибуналот за неодговорност и подвлече дека за неговата работа се плаќаат огромни суми, а во замена за тоа се добива само „обид за ревидирање на историјата на конфликтите
и привремено ослободување на еден лудак“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.