Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека досега од ебола загинале 5.459 лица, што е најголема епидемија на болеста во историјата.
Вкупно се регистрирани 15.351 случај на инфицирани лица во осум земји, се наведува во соопштението на СЗО заклучно 18 ноември.
Изминатата недела се регистрирани 39 жртви и 106 нови случаи на заразени.
Според СЗО болеста сѐ уште се шири брзо во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


