| четврток, 6 декември 2018 |

Голот на Пандев најдобар на „Дерби дела Мадонина“ (видео)

goche

Романскиот спортски медиум „Дигиспорт“ го стави поранешниот македонски репрезентативец во фокусот на вниманието. Погодокот на Горан Пандев против Милан, во 2009-тата година од слободен удар е посочен како еден од најубавите погодоци во „Дерби дела Мадонина“. Изборот доаѓа како најава за големото дерби меѓу Интер и Милан во Италија кое претстои викендов.

Пандев овој погодок го постигна во сезоната 2009/2010, кога Интер во 21-вото коло од италијанската Серија „А“ славеше со 2-0 над Милан, додека пак тренер на „Нероаѕурите“ овој период беше португалецот Жозе Мурињо, кој имаше голема доверба во нашиот екс репрезентативец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top