Романскиот спортски медиум „Дигиспорт“ го стави поранешниот македонски репрезентативец во фокусот на вниманието. Погодокот на Горан Пандев против Милан, во 2009-тата година од слободен удар е посочен како еден од најубавите погодоци во „Дерби дела Мадонина“. Изборот доаѓа како најава за големото дерби меѓу Интер и Милан во Италија кое претстои викендов.
Пандев овој погодок го постигна во сезоната 2009/2010, кога Интер во 21-вото коло од италијанската Серија „А“ славеше со 2-0 над Милан, додека пак тренер на „Нероаѕурите“ овој период беше португалецот Жозе Мурињо, кој имаше голема доверба во нашиот екс репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



