| четврток, 6 декември 2018 |

Снежното невреме во САД однесе 13 жртви

sneg sad2

Силното снежно невреме што го зафати североисточниот дел на САД досега однесе вкупно 13 жртви.

Две постари личности починаа откако се евакуирани од дом за стари лица, додека еден 50-годишен маж е пронајден мртов во своето возило.

Снежна бура во јужниот дел на градот Бафало предизвика уривање на најмалку 30 згради и блокира поголем дел од градот.

Претходно десет лица загина поради изложеност на екстремно ниски температури во областите Нијагара и Ири, во американската сојузна држава Њујорк, а неколку лица загинаа од срцев удар додека ги чистеле наносите од снег на своите домови и возила.

Американската Национална метеоролошка служба предупреди дека утре може да падне дополнителни 60 до 90 сантиметри снег, дека видливоста на патиштата е до нула, како и дека снежното невреме може да биде проследено со грмотевици и молњи.

Поради големите снежни врнежи изминатите неколку дена во САД се ангажирани над 5.000 лица за расчистување на улиците и патиштата, вклучително припадници на Националната гарда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top