| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичко-битолско гол-шоу за романтични победи

Двај­ца­та на­па­ѓа­чи во со­ста­вот на акту­ел­ни­от шам­пи­он екс­прес­но се вкло­пи­ја во ти­мот и со вку­пен ефект од 16 го­ла се нај­е­фи­кас­ни­от тан­дем во ма­ке­дон­ска­та Пр­ва ли­га. Пом­ла­ди­от Ал­ти­пар­ма­ков­ски со 10 по­го­до­ци го де­ли пр­во­то ме­сто на ли­ста­та на стрел­ци­те, а 31-го­диш­ни­от Стој­ков за­се­га шестпа­ти ги тре­се­ше про­тив­нич­ки­те мре­жи

Шам­пи­о­нот Ра­бот­нич­ки се за­бре­вта во до­маш­ни­от шам­пи­о­нат и куп и игра од­лич­но, а во су­пе­риз­ба­лан­си­ра­ни­от тим на тре­не­рот Игор Ан­ге­лов­ски, се­пак, се изд­во­ју­ва тан­де­мот на­па­ѓа­чи Аце Стој­ков и Мар­јан Ал­ти­пар­ма­ков­ски. Во пос­лед­но вре­ме офан­зив­на­та ком­би­на­ци­ја на „ро­ман­ти­ча­ри­те“ си по­и­гру­ва со про­тив­нич­ки­те од­бра­ни, а го­ло­ви­те се ре­дат ка­ко на филм­ска лен­та. Пом­ла­ди­от Ал­ти­пар­ма­ков­ски за­се­га е по­е­фи­ка­сен со 10 го­ла, ка­ко прв стре­лец во ли­га­та за­ед­но со Бо­јан Вру­чи­на од Шкен­ди­ја, а Стој­ков по­стиг­на шест го­ла, но тој при­стиг­на во Ра­бот­нич­ки мал­ку по­доц­на. Тие двај­ца се ви­стин­ски спој на мла­дост и на искус­тво, ком­би­на­ци­ја што екс­прес­но блес­на на те­ре­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја. Стру­ми­ча­не­цот Стој­ков има 31 го­ди­на, а би­тол­ска­та ма­ши­на за го­ло­ви Ал­ти­пар­ма­ков­ски е за осум ле­та пом­лад. За­ед­но се та­мам за фуд­бал­ски фе­сти­вал од голови низ Ма­ке­до­ни­ја, со вку­пен ефект од 16 по­го­до­ци по 15 ко­ла. Ра­бот­нич­ки со се­ри­ја­та од се­дум по­бе­ди и со 31 бод се зац­вр­сти на вто­ра­та по­зи­ци­ја, зад Вар­дар, кој е ли­дер со 37 бо­да.

 

Ра­бот­нич­ки е во се­ри­ја од се­дум по­бе­ди и игра во шам­пи­он­ска фор­ма. До­стиж­на ли е ти­ту­ла­та?

Ал­ти­пар­ма­ков­ски: Ние ќе оди­ме че­кор по че­кор, на се­ко­ј нат­пре­вар на по­бе­да. Раз­ли­ка­та со Вар­дар не е го­ле­ма, са­мо шест бо­да, и мис­лам де­ка е до­стиж­на. Пред­ност на Ра­бот­нич­ки е што не­ма при­ти­сок. Од меч во меч игра­ме сѐ по­до­бро и ве­ру­вам де­ка до­крај ќе оста­не­ме во ком­би­на­ци­ја за две­те ти­ту­ли и во пр­венс­тво­то и во ку­пот. Шкен­ди­ја ве­ќе мно­гу за­о­ста­ну­ва, а се на­де­вам де­ка и кај Вар­дар ќе дој­де до пад во фор­ма­та. Тие се глав­ни фа­во­ри­ти, но и ние не се отка­жу­ва­ме.

Стој­ков: Вар­дар ќе ни би­де гла­вен кон­ку­рент. Мо­јот по­ра­не­шен клуб сѐ уште не­ма по­раз и игра до­бро, што по­ка­жу­ва де­ка е глав­ен кон­ку­рент за ти­ту­ла­та. Ние ќе ја че­ка­ме на­ша­та шан­са, се­ри­ја­та од се­дум по­бе­ди е до­бра га­ран­ци­ја де­ка има­ме потенцијал да ја од­бра­ни­ме ти­ту­ла­та. Ќе игра­ме про­тив Вар­дар за две ко­ла и, мо­же­би, ток­му тој меч ќе ја да­де од­лу­ка­та да­ли има­ме ка­па­ци­тет да ата­ку­ва­ме на шам­пи­он­ска­та кру­на.

 

Sport115-2

Аце Стој­ков

 

Прв­пат игра­те за­ед­но, а ефе­ктот е из­во­нре­ден, 16 го­ла, со што сте нај­до­бар тан­дем во ли­га­та. Оче­ку­ва­вте ли ва­ков гол­ге­тер­ски бум?

Ал­ти­пар­ма­ков­ски: Искре­но не оче­ку­вав де­ка за­ед­но ќе по­стиг­не­ме тол­ку го­ло­ви, но тоа не е са­мо мо­ја зас­лу­га и на Аце. Си­те фуд­ба­ле­ри на Ра­бот­нич­ки се ви­стин­ски про­фе­си­о­нал­ци, игра­ат од­лич­но, тим­ска­та ат­мо­сфе­ра е на ни­во и ни но­си до­бри ре­зул­та­ти. Ако не­ма со­ра­бо­тка со сред­ни­от ред и со од­бра­на­та, то­гаш ќе не­ма и ус­пе­си. За­се­га си­те ли­нии функ­ци­о­ни­ра­ат бес­пре­кор­но, а на­ше е да да­ва­ме го­ло­ви.

Стој­ков: Искре­но, не оче­ку­вав де­ка ќе има­ме та­ков гол­ге­тер­ски ефект. Јас поч­нав да играм од ше­сто­то ко­ло за Ра­бот­нич­ки и за­се­га сум со­се­ма за­до­во­лен ка­ко ми оди и ме­не лич­но и во тан­дем со Мар­јан. Го­ле­ми зас­лу­ги за на­ши­от ефект има­ат си­те игра­чи на клу­бот. Фуд­ба­лот е тим­ска игра, а ре­зул­та­тот на Ра­бот­нич­ки до­се­га по­ка­жу­ва де­ка сме ви­стин­ски тим.

 

Раз­лич­ни ге­не­ра­ции сте, а од­лич­но се раз­би­ра­те на те­рен. Ка­ко го об­јас­ну­ва­те бес­пре­кор­но­то функ­ци­о­ни­ра­ње во на­па­дот на Ра­бот­нич­ки?

Ал­ти­пар­ма­ков­ски: За ме­не Стој­ков е нај­до­бри­от офан­зи­вен играч во Пр­ва­та македонска ли­га. Знае сѐ за фуд­ба­лот и има не­ве­ро­јат­на бр­зи­на. Не­го­во­то искус­тво е дра­го­це­но и мно­гу ми по­ма­га. По­крај не­го мо­жам да се над­гра­ду­вам, да би­дам по­до­бар. Се­ка­ко де­ка го­ле­ми­от број од го­ло­ви­те што ги по­стиг­нав до­се­га се и не­го­во де­ло.

Стој­ков: И двај­ца­та има­ме со­лид­но ин­тер­на­ци­о­нал­но искус­тво и, ве­ро­јат­но, и тоа ни по­мог­на бр­зо да се вкло­пи­ме. Иа­ко е млад и има са­мо 23 го­ди­ни, Ал­ти­пар­ма­ков­ски игра мно­гу зре­ло. Не­ка­ко екс­прес­но се про­нај­дов­ме на те­ре­нот, а, мо­же­би, ни по­ма­га и тоа што сме раз­ли­чен про­фил на на­па­ѓа­чи. Мар­јан е шпиц и има не­ве­ро­јат­но чув­ство за гол, тоа од­лич­но го ко­ри­сти и со­се­ма зас­лу­же­но е на вр­вот на ли­ста­та на стрел­ци со 10 по­го­до­ци. За кус пер­и­од да по­стиг­не­те тол­ку го­ло­ви не мо­же да би­де слу­чај­но, што са­мо по­твр­ду­ва де­ка тој има врв­ни ква­ли­те­ти на мо­де­рен на­па­ѓач.

 

Sport115-3

Мар­јан Ал­ти­пар­ма­ков­ски

 

Стој­ков го вра­ти ста­ту­сот ре­пре­зен­та­ти­вец на Ма­ке­до­ни­ја, а Ал­ти­пар­ма­ков­ски се­ри­оз­но чу­ка на пор­ти­те на на­ци­о­нал­ни­от со­став. Ќе ве ви­ди­ме ли ка­ко тан­дем и во дре­сот на на­ша­та ре­пре­зен­та­ци­ја?

Ал­ти­пар­ма­ков­ски: Со­се­ма зас­лу­же­но Аце е дел од на­ша­та ре­пре­зен­та­ци­ја, а се­ка­ко де­ка и јас со­ну­вам да го но­сам дре­сот со на­ци­о­нал­ни­те обе­леж­ја. Играв стан­дард­но во си­те мла­дин­ски се­лек­ции, а мое е са­мо да про­дол­жам да играм до­бро и да да­вам го­ло­ви, по што ве­ру­вам де­ка ќе сле­ди и по­ка­на за на­стап за се­ни­ор­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја.

Стој­ков: Го­ло­ви­те и до­бри­те игри се ви­стин­ска пре­по­ра­ка за ме­сто во ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. Јас не ре­ша­вам за тоа кој ќе игра, но знам де­ка мо­јот пом­лад ко­ле­га од Ра­бот­нич­ки мо­же да по­мог­не во на­ци­о­нал­на­та се­лек­ци­ја. Са­мо тре­ба да про­дол­жи да игра во исти­от стил ка­ко и до­се­га и зо­што да не би­де­ме тан­дем и во дре­сот со на­ци­о­нал­ни обе­леж­ја? Ал­ти­пар­ма­ков­ски ги по­ми­на си­те мла­дин­ски се­лек­ции, што по­ка­жу­ва де­ка има ка­па­ци­тет да игра и за се­ни­ор­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја.

 

Го­ло­ви­те но­сат бо­до­ви и по­бе­ди. Кол­ку по­го­до­ци на кра­јот од шам­пи­о­на­тот ќе има на кон­то­то на Стој­ков и на Ал­ти­пар­ма­ков­ски?

Ал­ти­пар­ма­ков­ски: Јас не­ма да прог­но­зи­рам, са­мо ќе по­са­кам да ги има што по­ве­ќе на за­ед­нич­ко­то кон­то и во би­лан­сот на Ра­бот­нич­ки. Што по­ве­ќе игра­чи да­ва­ат го­ло­ви, тоа ќе би­де по­до­бро за клу­бот. Ме­не лич­но не ми е важ­но кол­ку по­го­до­ци ќе по­стиг­нам, са­мо по­са­ку­вам со Ра­бот­нич­ки да осво­јам ти­ту­ли.

Стој­ков: Ве­ру­вам де­ка со под­др­шка на це­ли­от тим мо­же­ме да го уд­во­и­ме при­до­не­сот до кра­јот на се­зо­на­та. Се раз­би­ра­ме од­лич­но во на­па­дот, па ве­ру­вам де­ка број­ка­та од 35 до 40 го­ла за­ед­но е до­стиж­на цел. Ќе би­дам сре­ќен и да не ста­са­ме до та­ков ефект, са­мо Ра­бот­нич­ки да ја до­пол­ни ко­лек­ци­ја­та со уште не­кој тро­феј во оваа се­зо­на.

 

Ма­ке­до­ни­ја во ма­ло, стру­ми­ча­нец и би­тол­ча­нец га­зат за­ед­но во клуб од Скоп­је. Ќе би­де ли ова до­бит­на ком­би­на­ци­ја за Ра­бот­нич­ки?

Ал­ти­пар­ма­ков­ски: До­бро се сна­о­ѓа­ме во Скоп­је, и јас и Аце. Ра­бот­нич­ки е ви­стин­ски клуб во кој се игра на­па­ѓач­ки, за гол по­ве­ќе, со мош­не атра­кти­вен стил. Не ме чу­ди што сме до­бар спој би­деј­ќи Стру­ми­ца и Би­то­ла се поз­на­ти рас­ад­ни­ци на до­бри фуд­ба­ле­ри. Слу­чај­но сме тан­дем, но не слу­чај­но игра­ме до­бро и ние и це­ли­от тим на Ра­бот­нич­ки. Ќе би­де до­бро на­ша­та за­ед­нич­ка аван­ту­ра да ја прос­ла­ви­ме со шам­пи­он­ска кру­на.

Стој­ков: Комп­лет­ни­от со­став на Ра­бот­нич­ки е Ма­ке­до­ни­ја во ма­ло, а си­те за­ед­но ус­пе­ва­ме од­лич­но да со­ра­бо­ту­ва­ме и да бе­ле­жи­ме до­бри ре­зул­та­ти. Се сог­ла­су­вам со Ал­ти­пар­ма­ков­ски де­ка Стру­ми­ца и Би­то­ла се ви­стин­ски рас­ад­ни­ци на та­лен­ти­ра­ни и ква­ли­тет­ни фуд­ба­ле­ри, а ве­ру­вам де­ка со на­ша по­мош овој пат тро­фе­и­те од на­ци­о­нал­но­то пр­венс­тво и од ку­пот на Ма­ке­до­ни­ја ќе му при­пад­нат на Ра­бот­нич­ки.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Фото: Александар Ивановски
Текст објавен во 115. број на неделникот „Република“, 14.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top