| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички елиминиран од Будуќност во квалификациите во Лига на Европа

rabotnicki-buducnost-070716

Фудбалерите на Работнички ги завршија натпреварите во Лига на Европа, откако вечерва во реванш-мечот од првото коло во квалификациите загуби на гостувањето кај Будуќност со 1-0.

Првиот натпревар во Скопје заврши нерешено, 1-1, па така екипата од Црна Гора се пласира во следната фаза со вкупен резултат од 2-1.

Единствениот гол вечерва беше постигнат од пенал во 18. минута. Стрелец на голот беше Ристо Радуновиќ, а на голот му претходеше и исклучување на Леон Најдовски од Работнички во 17. минута.

Будуќност во следната рунда ќе игра против Генк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top