| четврток, 6 декември 2018 |

10 лица над 70,80 и 90 години кои сеуште спортуваат

Многу луѓе мислат дека се премногу возрасни за да спортуваат, но грешат.

Погледнете 10 лица на возраст над 70, 80, па дури и 90 години, кои трчаат, пливаат, возат велосипед, креваат тегови.

Тао Порчон – Линч – 94 години

tao(1)

94 годишната Тао е инструкторка по јога. Таа практикува јога цели 70 години. Во 1982 година го основала  „Вестчестер Јога Институт“ и до ден денес одржува семинари.

Гледис Берил- 94 години 

gladys

Гледис го истрчала својот прв маратон на 86годишна возраст. Од тогаш па наваму, пет пати го истрчала маратонот на Хонолулу. Во 2011 година влегува во Гинисовата книга на рекорди, како најстара жена која го завршила класичното трчање од 42 километри.

Чарлс Југстер – 93 години

charls(1)

Британскиот стоматолог почнува да се натпреварува во регати на 60-годишна возраст. Денес има над 100 награди во веслање. На 80 годишна возраст почнува да се занимава со бодибилдинг. Има неколку титули во фитнес десетобој.

Сестра Мадона Бедер – 82 години 

sis

Таа е калуѓерка. Истрчала до крај  340 триатлони, вклучувајќи неколку триатлони „Iron Mаn“, кои се состојат од 3.8 километри пливање во отворени води, 180 км велосипедизам и 42 километри трчање и тоа сите во еден ден! Во 2005 година на триатлонот „Iron Man“ во Кона, посебно заради неа е додадена нова возрасна категорија  75-79 година . Таа е највозрасната жена која завршила „Iron Man“. Калуѓерката започнала да спортува кога имала 40 година. Започнала со трчање бидејќи сметала дека духовно и помага. Имала 50 години, кога ги додала пливањето и велосипедизмот во тренинзите и на крајот доаѓа до триатлонот.

Ед Витлок – 82 години

ed

Много млади луѓе маратонот го завршуваат зад господинот Витлок. На 81 годишна возраст тој успеал да истрча растојание од 42 километри за 3 ч . и 30 минути.

Дон Вилдмен – 79 години

don(1)

Фитнесот секогаш бил дел од животот на Вилдмен. Завршил 9 од горе наведените триатлони „Iron Man“. Тој планира да го дочека 80 – тиот роденден, возејќи велосипед на Хималаите.

Ернестин Шепард – 76 години 

ernestine

Ернестин Шепард не е обична 76 годишна баба, која сте навикнати да ја гледате. Почнува да се занимава со бодибилдинг на 71 годишна возраст. Редовно станува во 3 наутро за да трча крос од 16 километри пред да отиде на работа.Таа работи како фитнес инструктор.

Хасинто Бонила – 73 години 

jacinto-bonilla-ss

Тој крева тегови од 50 години па наваму, а пред 6 години го открил  кросфитот, откако прочитал статија во „Men’s Health“. Имал рак на простата од кој успеал да оздраве и продолжил да спортува.

Ед Питерс – 70 година 

ed-peters-ss

Од 50 годишна возраст тој работи како спасител на плажа. Секоја година ги полага фитнес тестовите за спасител, кои вклучуваат 400 метри трчање и 100 пливање.

Фауџа Синг – 102 година

fauja

Индиецот тврди дека има 102 години, иако не може да го докаже тоа. Во 2011 година истрчал маратон. Последната негова трка е трчање на 10 километри во Хонгконг. Неодамна тој се откажал од трките и рекол дека веќе ќе трча само рекреативно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top