| четврток, 6 декември 2018 |

Кое е новото име за жените кои сакаат помлади мажи?

Во општеството уште се осудуваат повозрасните жени кои сакаат помлади мажи. Нив често ги нарекуваат односно ги споредуваат со пума, односно со големите мачки грабливки.

Во поп-културата овие жени се викаат Госпоѓа Робинсон, според главната женска улога во филмот „Дипломец“ од 1967 година во кој професорката (Ен Бенкрофт) го заведува својот поранешен, 20-годишен студент Бенџамин (Дастин Хофман).

За да ја тргне стигмата од нивното име и репутација, британската писателка Биби Лунч предложи ново име за постарите жени кои сакаат млади мажи (WHIP). Односно жени кои одлично изледаат, тие се интелигентни и се во своите најдобри години од животот.

– Омаловажувањето на сексуално посакуваните и жени полни со самодоверба кои се во врска со млади мажи и службено е застарено сфаќање и помалу страшно -изјави оваа британска авторка.

Според неа, овие жени се духовити, паметни и сексапилни и треба да бидат она што се без никаква грижа на совест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top