| четврток, 6 декември 2018 |

Аспиринот може да ги убие постарите луѓе

Луѓето на возраст од 75 години или постари, кои секојдневно земаат аспирин за да спречат срцев удар, имаат поголем ризик од тешко, па дури и смртоносно крварење и би требало да земаат лекови против киселини, за да ја намалат таа опасност, покажало едно 10-годишно истражување.

Помеѓу 40 и 60 проценти од постарите од 75 години во Европа и САД, секојдневно користат аспирин, се наведува во истражувањата, но досега биле непознати резултатите од неговата долготрајна употреба кај постарите луѓе, бидејќи во повеќето истражувања биле вклучени пациенти помлади од 75 години.

Меѓутоа, истражувањето објавено во медицинското списание “The Lancet” било еднакво поделено на постари и помлади од 75 години, и во него учествувале 3.166 Бриотанци, кои имале срцев или мозочен удар и користат лекови за разредување на крвата, за да спречат нов удар.

Научниците истакнале дека резултатите од истражувањето не значат дека постарите пациенти треба да престанат да користат аспирин. Наместо тоа, тие им препорачуваат поширока употреба на инхибитор со пропонска пумба – лекови против желудечна киселина – како што омепразол, кој може да го намали крварењето над горниот гастроинтестинален тракт за 70 до 90 проценти.

Иако аспиринот се смета за безопасен, веќе долго се знае за постоењето на опасноста од крварење.

Петер Ротвел, еден од авторите на истражувањето, вели дека земањето налекови за разредување на крвта, како што е аспиринот, спречува петтина од повторените срцеви и мозочни удари, но исто така доведува до 3.000 смртни случаи годишно поради прекумерно крварење само во Британија.

Тоа во главно се случува кај луѓе постари од 75 години.

“Кај луѓето помлади од 75 години ризикот од крварање е релативно помал. Тие луѓе не треба да се грижат”, рекол Ротвел, директор на Центарот за спречување на срцеви и мозочни удари при Универзитетот на Оксфорд.

извор: Точка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top