Американската амбасадорка Трејси Ен Џејкобсон, пред две недели, со јасна порака упатена кон водечките политичари на албански јазик, излезе во јавност и порача „да не ја уништат работата“ околу формирањето на косовска влада.
Унгарскиот весник „Стандард“ оценува дека таа успеала во намерата да се постигне коалиционен договор и со тоа ја следи традицијата на својот претходник Кристофер Дел, кој учествуваше во сите поважни косовски политички прашања.
– Најмладата држава во Европа и понатаму е фактички зависна од директивите на Вашингтон – пишува весникот.
Според анализата на „Стандард“, на локалните политичари им одговара несамостојноста бидејќи на таков начин можат да превземат помала одговорност. Косово на крајот се потпира на САД, додека ЕУ има потчинета улога иако инвестираше многу финансии, констатира унгарскиот весник. Слабоста на ЕУ потекнува и од неединството на земјите-членки околу прогласувањето независнос на Косово во 2008 година, укажува „Стандард“, додавајќи дека до денес пет членки на ЕУ не го признале Косово, додека од Србија индиректно се бара тоа да го направи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово