САД ги зафати досега невидено невреме, а температурата во сите 50 американски сојузни држави беше нула степени или под нулата во необично студениот бран за ова време од годината. Познатиот физичат Мичио Каку пред извесно време најави токму ваква ледена катаклизма од огромни размери во Америка. Тој изјави дека околу 250 милиони Американци ќе се соочат со досега невидено невреме.
– Сè ќе оди по ѓаволите… Сè што е на земјата, во водата и во воздухот ќе застане поради сеопфатното нарушување на времето – предупреди тој и додаде дека студот ќе ослабе кон крајот на ноември.
Најмалку осум лица загинаа во снежното невеме на североистокот од САД од кои шест на подрачјето на Бафало, втор по големина град во државата Њујорк.
– Споредните последици на ова „нарушување“ ќе се чувствуваат најмалку еден месец и ќе мораме да се навикнеме на тоа дека Земјата се менува и дека сè повеќе ќе ја покажува својата моќ.
Оваа најава, судејќи според сè е потврда дека Америка се подготвува за нешто големо и дека американската влада е запознена со тоа. Исто така, вакво невреме од библиски размери може да се предизвика единствено со ХААРП, заклучува телевизијата „Си-Би-Ес“.
Метеорологот Дејв Заф од Националната метеролошка служба изјави дека што се однесува до метеорологијата станува збор за „историски настани“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.