| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар без Стоилов и Горбок замина за Веспрем

Ракометарите на Вардар денеска заминаа за Веспрем, Унгарија каде викендов ќе го играат натпреварот од 6. коло во Ц групата од Лигата на шампионите.

Во екипата што патува за Унгарија ги нема Сергеј Горбок и Стојанче Стоилов. И двајцата имаат повреди и ќе паузираат неколку дена, но во тимот се врати Илија Абутовиќ кој на претходниот меч ја издржа казната за црвениот картон добиен во Монпелје.

По пет одиграни натпревари во ЛШ, „црвено-црните“ се на второто место на табелата со 7 бода, три помалку од лидерот Веспрем, а на трето место е Рајн Некар со 6 бода.

Во Ц групата во ова коло се среќаваат уште: Чеховски Медведи – Монпелје и Целје – Рајн Некар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top