| четврток, 6 декември 2018 |

Пет природни правила на мозокот поради кои ни се задржува вниманието на нешто

Ретко кога свесно можеме да влијаеме врз себе и да го насочиме вниманието кон одредени активности. Тоа е така бидејќи постојат природни правила на мозокот.

Ова се петте правила кои влијаат на нашето внимание: 1.Она на што ни го привлекува вниманието во голема мера е под влијание на нашата меморија. Нашето претходно искуство не упатува на што треба да обрнеме влијание. Културата има своје влијание, исто така. Без разлика дали сме во училиште или на работа овие разлики влијаат на тоа како другите не перцепираат.

2. Луѓето обрнуваат внимание на емоции, закани и полови разлики. Без разлика кои сте вие, мозокот обрнува внимание на овие прашања: можам да јадам? Дали ќе ме изеде? Можам ли да се дружам со него? Може ли тоа да се дружи со мене? Го имам ли видено претходно?

3 Мозокот не е способен за истовремено извршување на повеќе задачи. Можеме да зборуваме и дишеме, но кога станува збор  за истовремено извршување на повеќе задачи едноставно не можеме да се справиме.

4. Кога зборуваме на телефон додека возиме е исто како да возиме пијани.Мозокот е секвенцијален процесор и потрено му е време додека се префрли на друга задача. Поради ова возачите кои зборуваат на телефон во опасни ситиуации доцнат со кочењето најмалку половина секунда.

5. Фирмите и училиштата го охрабруваат истовременото извршување на повеќе задачи. Кога ќе влезете во некоја канцеларија ќе видите како луѓето праќаат електронска пошта, одговараат на телефон , пишуваат на skype . Истражувањата покажуваат дека поради ова бројот на грешки при работата е поголем од 50% и потребно е двојно повеќе време за завршување на задачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top