| четврток, 6 декември 2018 |

Металург загуби од Загреб во СЕХА-лигата

Македонскиот ракометен првак Металург, загуби од Загреб со 19-25, во натпревар од СЕХА-лигата. Со безмалку резервен состав, без тренерот Лино Червар и со осигурано место на завршниот турнир, Металург одигра во рамките на можностите. Во Загреб не отпатуваа Станиќ, Миркуловски, Мојовски, Вугринец и уште неколку стандардни првотимци, но и без нив „металурзите“ му дадоа силен отпор на домашниот состав.

Нашиот првак имаше три гола предност во првото полувреме, а на одмор замина со еден гол позитива, 12-11. Сепак, во продолжението, пред се поради „тенката“ клупа скопјани паднаа во играта и загубија со 6 гола разлика.

Марко Нелоски, пријатно изненади со играта и беше најефикасен кај Металург со шест гола, а засилувањето од Словенија Давид Коражија даде гол помалку. Кај домаќинот лидери беа Златко Хорват со седум гола и Ловро Шпрем со шест погодоци.
Металург и покрај поразот остана на првото место во СЕХА, пред Загреб, а речиси сигурно, со овие две екипи на „фајнал форот“ ќе играат и Вардар Про и Брест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top