| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски ќе го тужи Јакимовски

zernovski

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски најави тужба против градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, по повод интервјуто што Jакимовски во вторникот го дал за весникот „Вечер“.

– Во врска со објавеното интервју под наслов „Жерновски ноќе плаче по амбасади – дење прави инциденти!’, најавувам дека, после повеќе изречени навреди и клевети на разни начини и во разни прилики на кои не сакав да одговорам, препишувајќи го сето тоа на стилот и начинот на кој Јакимовски се пресметува со сите кои не мислат и не дејствуваат како него, овој пат ќе поднесам тужба пред надлежниот суд, со која ќе барам да се утврди неговата одговорност за клевета и навреда, согласно на одредбите од Законот за граѓанска одговорност, за изјавените  клевети, навреди и инсинуации во споменатото интревју,  со цел , односно со намера да наштети на мојата чест и углед како личност, градоначалник  и како претседател на политичка партија – рече Жерновски.

Тој додаде дека Јакимовски со своите навреди и клевети,  ги преминал сите граници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top