| четврток, 6 декември 2018 |

Боб Марли заштитно лице на марка марихуана (видео)

Bob2itabi-ca4d8-1728x800_c

33 години по неговата смрт, реге иконата Боб Марли оживува како заштитно лице на марка марихуана „Мarley Natural“, која се смета за скапа марка канабис.Големиот извоз на канабис е дел од културниот извоз на Јамајка.

– Изгледа природно, татко ми да биде дел од овој разговор, вели ќерката на Боб Марли, Сиди.

2014-11-18-11_16_04-Marley-Natural-Cannabis-Products-Accessories

Марката марихуана се развива заедно со компанијата со седиште во Вашингтон, ќе биде продавана во САД и најверојатно во други земји од следната година.

Боб Марли почина од рак на 36 годишна возраст, во мај 1981 година. Според него, марихуаната е важен дел од неговата вера и додека беше жив тој поддржуваше легализација на марихуаната. Во американските држави Колорадо и Вашингтон марихуаната за забава е легална. Во Аљаска, Орегон и округот Колумбија, најверојатно ќе биде легализирана по реформите и референдумот за поддршка на лесната дрога, спроведен во почетокот на овој месец.

Уште неколку држави ја декриминализирале тревата и дозволиле продажба на марихуаната за медицински цели. Сојузниот закон сепак ја забранува марихуаната и ја става во една категорија со хероинот и ЛСД.

Компанијата „Privateer Holdings“, со седиште во Сиетл, соработува со семејството на Марли и планира да ја продава „Marley Natural“ во форма на пакувани папки, масла или концентрат. Се очекува продажбата да започне кон крајот на 2015 година.

– Боб Марли  инсистирал на легализација на марихуаната уште пред повеќе од 50 години. Сега ние ќе му помогнеме да ја исполни каузата, вели Брендан Кенеди, извршниот директор на „Privateer“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top