Претседателот на еден од најтрофејните француски фудбалски клубови и поранешен шампион на Европа, Олимпик Марсеј, Венсан Лабрун, генералниот директор Филип Перез и поранешните први луѓе на клубот Жан-Клод Дасие и Папе Диуф се притворени под обвинение за „финансиски малверзации“ при трансферот на фудбалерот Андре-Пјер Жињак, јави дописникот на МИА од Париз.
Нивното апсење не е поврзано со утринската акција спроведена во повеќе клубови од Втората француска фудбалска лига, кои се обвинети за корупција и местење на натпревари, што му овозможи на фудбалскиот клуб од Ним да остане во Втората лига.
Во случајот со Олимпик Марсеј, станува збор за трансферот на напаѓачот Андре-Пјер Жињак од Тулуз во Марсеј, при што биле исплатени провизии на повеќе лица.
Нивното притворање се случува само неколку часа пред пријателската средба на Франција со Шведска, која се игра во Марсеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.