Делегација на Судскиот совет на Холандија е во посета на скопските судови при што договорена е меѓусебна соработка. Денеска тие го посетија Основниот суд Скопје 1, а вчера беше потпишан меморандум за соработка со Судскиот совет на Македонија.
Меморандумот се однесува на унапредување на работата на судовите и е од особено значење за нашите судови, бидејќи на овој начин се отвора можност македонските судии да разменат искуства со холандските, а во иднина постои шанса и за размена на судии.
Претседателот на Судскиот совет на Холандија, Фриц Бакер изрази задоволство од можноста да бидат тука, во Македонија, и да видиме како напредува работата во македонското судство.
– Исклучително ни е драго што ние како претставници на Судскиот совет на Холандија можеме да договориме соработка во билатерална форма со Судскиот совет на Македонија. Вчера ги дискутиравме сите компоненти што ќе бидат опфатени во меморандумот за соработка. Драго ни е што можеме одблизу да видиме како работат судовите и како се одвиваат процесите во судството во Македонија – изјави Бакер.
Исто така, претседателот на Окружен суд во Холандија, Таквур Авидисијан, ќе има можност да воспостави директна соработка со Кривичниот суд во Скопје.
Двегодишната билатерална соработка која ќе се воспостави меѓу двата Судски совети нема да се сведе само на соработка и состаноци меѓу раководството на судовите меѓу двете земји, туку всушност и поедничено, судиите ќе можат меѓусебно да разговараат, да разменат искуства и мислења за одредени важни теми.
– Јас како претседател на холандски Окружен суд заедно со судовите во Скопје, Кривичниот суд Скопје 1 и Граѓанскиот суд Скопје 2, сметам дека оваа соработка ќе ни пружи можност за размена на искуства, знаења и експертиза којашто ќе допринесе за усовршување на состојбите на судството во Македонија и во Холандија рече Авидисијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Ако е зачуван јазикот и идентитетот – македонски, зошто во Брисел сме латинично makedonski, а не macedonian?
-
СП 2018: Познати судиите за полуфиналните дуели на Мундијалот 2018
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци



